За компанијата

Мак – Тенда е фирма основана 1993 година, со долгогодишна трдиција со успешно производство и монтажа на производи

за заштита од сонце, дожд и други надворешни влијанија.

За сите овие години Мак – Тенда од семејна фирма прерасна во успешна и конкурентна фирма на Македонскиот пазар.

Квалитетот на изработка на нашите производи е загарантирано со користењето на материјали од светски познати и реномирани брендови како SATTLER, PARA, CHF, SIOEN, SOMFY, а со тоа го гарантираме начиот производ со производителите кои ги застапуваме.

Сопственикот Ване Тасевски и тимот вработени во Мак – Тенда се целосно професионално посветени на исполнување на очекувањата и барањата на своите клиенти.

Оваа интенција вработените ја исполнуваат со развој и унапредување на производите со користењето на современи материјали и методи за производство, брза монтажа и навремено сервисирање на производите.

Визијата на раководството на Мак – Тенда е да ја одржи и зголеми стекнатата репутација на препознатлива фирма за

квалитетно производство, монтажа и брза испорака на своите производи , со тоа што инвестиравме во нов погон за производство

кој се простира на 1000 м2, со цел потребите на нашите клиенти да бидат задоволени со највисок квалитет на нашите производи во најкраток можен рок.

Со почит Мак – Тенда.